Пређи на главни садржај

ДАЛИ ПЛАЌШ БРЕНД ИЛИ КВАЛИТЕТ НА МАСЛО?


autore_platform



Дали го плаќаш брендот или квалитетот на маслото?


Вистината е дека на Македонскиот Пазар владее огромен мит дека само скапото и звучно име гарантира мирно возење. Но, дали е баш така?

 Дали кога купуваш од најпознатите светски брендови плаќаш врвна заштита за твојот мотор, или едноставно им ги рефундираш милионските буџети за маркетинг и реклами во Формула 1 и Мото ГП?

Што повеќе се фалсификува?
АЈДЕ ДА ЗАПОЧНЕМ СО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ СО ПРОЗИВОДСТВО НА МАСЛО КАКО ОДИ И ШТО ЗАВРШУВА НА НАШИОТ ПАЗАР ЗА ДА БИДАТ НЕКОИ РАБОТИ ПОЈАСНИ ЗА СЛЕДНО КУПУВАЊЕ НА МАСЛА И ПРОДУКТИ ОД НАФТА!

Најголемите глобални нафтени компании (Интегрирани производители):

  • ExxonMobil (САД): Производител на Mobil 1. Тие се воедно и најголемиот светски производител на базни масла од Група 4 (PAO - синтетика).

  • Shell (Велика Британија): Еден од најголемите глобални играчи, познат по палетата Shell Helix и нивната технологија за правење масло од природен гас (GTL - Gas-to-Liquid).

  • BP / Castrol (Велика Британија): Castrol е во сопственост на британскиот нафтен гигант BP и е еден од најпрепознатливите брендови во автоиндустријата.

  • Chevron (САД): Производител на Havoline и Texaco, исто така огромен снабдувач на базни масла за други брендови.

  • TotalEnergies (Франција): Француски гигант кој ги покрива брендовите Total и Elf.

  • Eni / Agip (Италија): Државната нафтена компанија на Италија.

  • Lukoil (Русија) & Gazprom Neft (Русија): Огромни производствени капацитети во Источна Европа и Азија.

Големи независни и специјализирани производители (главно во Европа):

  • Fuchs (Германија): Најголемиот независен производител на лубриканти во светот, 

  • Liqui Moly (Германија): Иако сега е дел од групацијата Würth, тие имаат сопствено производство во Германија (Meguin рафинеријата).

  • Motul (Франција): Пионери во естерската синтетика, фокусирани на моторспорт и премиум пазар.

  • Rowe (Германија): Исклучително модерен и голем независен погон во Германија.


  • Azmol British Petrochemicals (Британија): Историски важен и голем регионален производител на лубриканти и масти во Источна Европа со британски инвестиции.

ОВА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ НА ПРОИЗВОДСТВО НА МАСЛА ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ,МЕЃУТОА ФАЛСИФИКУВАЊЕТО НА БРЕНДОВИТЕ НА МАСЛО Е ЕДЕН ОГРОМЕН  БИНЗИС ВО СВЕТОТ КОЈ НОСИ МИЛИЈАРДИ ПРИХОДИ ЗА КРИВОТВОРЦИТЕ ВО СВЕТОТ, АЈДЕ ДА ОБЈАСНИМЕ КАКО И ЗОШТО.

  • Буриња со „базно“ масло и лажни канти

Ова е најчестата шема. Фалсификаторите купуваат најевтино можно минерално масло во индустриски буриња (кое чини помалку од едно евро по литар). Потоа, во илегални погони, со напредни машини и прецизни калапи, излеваат пластични канти кои се 99% идентични со оние на оригиналниот премиум бренд. Налепниците се печатат на скапи ласерски преси, се лепат рамномерно и маслото завршува на полиците. Купувачот мисли дека земал чиста синтетика, а во моторот всушност сипува најобична „вода“ .


  • Организиран откуп на оригинални празни канти

Ова е најопасниот и најтешкиот метод за откривање. Одредени нечесни сервиси и механичари намерно ги чуваат и не ги дупчат празните оригинални канти по замената на маслото. Луѓе од црниот пазар ги откупуваат овие оригинални пакувања за ситни пари. Потоа, во тие ИСТИТЕ канти се налева најевтино масло на социјала, а со посебни матрици се пресуваат нови, лажни капачиња со сигурносен прстен кои изгледаат фабрички. Кога ќе ја погледнеш кантата – сè е оригинално, освен тоа што е внатре.


  • Магијата со купување на големо (Точено масло од буре)

Влегуваш во сервис каде што стои брендирано буре од 200 литри од најскапиот бренд во светот. Механичарот ти вели: „Еве, од ова буре ќе ти наточам, поефтино е бидејќи нема амбалажа. Но, кој ти гарантира дека во тоа брендирано буре, откако се потрошило оригиналното масло, не е дотурено најевтиното можно нафтено преработено масло од некој локален склад? Бурето трпи се....


💡 Спасот е во контролата на увозот, а не во логото и брендот

И тука доаѓаме до поентата. Кога купуваш масло, најголемата сигурност не ти ја дава името на брендот, туку патеката на увозот.Помалку извикан бренд кој доаѓа директно од фабрика преку официјален и генерален увозник за Македонија е 100 пати посигурен избор од најскапиот бренд кој поминал низ пет препродавачи, три граници и за кој никој не знае каде точно е пакуван. Кај помалку познатите брендови, профитот за фалсификување е премал, па затоа црниот пазар воопшто не ги ни допира.

Паметниот возач не купува маркетинг и налепници. Тој купува проверено потекло и чиста спецификација. Во следниот дел, ви откриваме како самите да ги проверите ситните детали на кантата пред да дозволите да ви го истурат маслото во моторот...

 ВО СЛЕДНИТЕ ПОСТОВИ НА АУТОРЕ БЛОГОТ ЌЕ ДОЗНАЕТЕ УШТЕ ПОТЕМЕЛНО ЗА МАСЛАТ,ДЕЛОВИТЕ И КАРОСЕРИЈАТЕ И СЕ ОСТАНТО ШТО Е ПОВРЗАНО СО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА 

ЗАСЛЕДЕИ ГО БЛОГОТ 

Коментари

Популарни постови са овог блога

Како да ја прочитате етикетата на моторното масло како професионалец?

ДЕШИФРИРАЊЕ МИСТЕРИОЗНИ КРАТЕНКИ....  Секој возач знае дека без масло нема возење. Но, кога ќе дојде време за купување и ќе застанете пред рафтот или ќе отворите онлајн продавница, ве пречекува цела азбука: 5W-30, ACEA C3, API SP, VW 507.00...   Дали се ова шифри на НАСА? Не. Ова се личните карти на маслата. Ако научите да ги читате, не само што ќе му го продолжите животот на моторот, туку и никој нема да може да ви продаде ,мачка во вреќа. Денес ја дешифрираме оваа тајна шифра на наједноставен можен начин. 1. Првата шифра: Што значи 5W-30 или 10W-40? (SAE Стандард) Ова е вискозитетот (густината) на маслото на ниски и високи температури. Ознаката секогаш е поделена на два дела: Бројката пред буквата W (на пр. 0W, 5W, 10W): Буквата W значи Winter (Зима) . Колку е помала бројката пред неа, толку маслото е „потечно“ на екстремен минус. На пример, масло со 5W ќе се разнесе низ моторот за неколку секунди при палење во ладен јануарски ден во Скопје, додека на 15W ќе му треба по...

АУТОРЕ БЛОГ

БЛОГОТ НА АУТОРЕ  Се што е поврзано со Автомобилската индустрија(делови,масла,каросерија,електрика)ЕВ возила, Технологија ќе пронајдете тука.... Најбитно е што ќе се посветиме на продажбата и одржувањето на возилата,малце ќе критикуваме а воедно и ќе фалиме тоа кое што е одлично,плус многу нови работи ќе може да научитеи да дознаете во врска со деловите,маслата,каросеријата,електриката а и сервиси воедно некој правила и концепти се ќе биде транспарентно воедно ќе научите и за АутоРе повеќе  и за нашите брендови а се надеваме дека и ќе ве научиме и проемниме во погледот на "Оставање клучеви на сервисер и нека он среди" се надеваме дека барем малце од малце ќе донесеме ред во Автомобилската индустрија.....👊👏