НОВИ ПРАВИЛА ЗА АВТОМОБИЛИТЕ ОД НОЕМВРИ:СЕ ВОВЕДУВА ЕУРО 7 - ШТО ЌЕ БИДЕ СО БЕНЗИНЦИТЕ,ДИЗЕЛИТЕ И ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ
Еуро 7 стандардот:Новата ера на автомобилската индустрија и што значи таа за возачите Автомобилската индустрија во Европа се наоѓа пред една од најголемите трансфорамции во својата историја.По долгогодишни преговори,дебати и притисоци меѓу регулаторите и производителите,стандардот Еуро7 конечно ги поставува новите правила на игра.Оваа регулатива не претставува само уште едно рутинско заострување на вентилите за издувни гасови,туку концептуално нов пристап кон заштита на животната средина која за прв пат ги опфаќа сите видови возила вклучувајќи ги и електричните. Што претставува Еуро 7 и зошто е различен? Досегашните еколошки норми(како еуро6) беа исклучиво фокусирани на она што излегува од ауспухот на бензинските и дизел моторите.Еуро 7 го менува овој пристап и воведува холистичко мерење на загадувањето. Клучната разлика е во тоа што новата регулатива ги зема микрочестичките што настануваат од сопирачките(кочниците) и абење на гумите. Со ова за првпат во историјата и целосно елект...