Пређи на главни садржај

НОВИ ПРАВИЛА ЗА АВТОМОБИЛИТЕ ОД НОЕМВРИ:СЕ ВОВЕДУВА ЕУРО 7 - ШТО ЌЕ БИДЕ СО БЕНЗИНЦИТЕ,ДИЗЕЛИТЕ И ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Еуро 7 стандардот:Новата ера на автомобилската индустрија и што значи таа за возачите







Автомобилската индустрија во Европа се наоѓа пред една од најголемите трансфорамции во својата историја.По долгогодишни преговори,дебати и притисоци меѓу регулаторите и производителите,стандардот Еуро7 конечно ги поставува новите правила на игра.Оваа регулатива не претставува само уште едно рутинско заострување на вентилите за издувни гасови,туку концептуално нов пристап кон заштита на животната средина која за прв пат ги опфаќа сите видови возила вклучувајќи ги и електричните.


Што претставува Еуро 7 и зошто е различен?

Досегашните еколошки норми(како еуро6) беа исклучиво фокусирани на она што излегува од ауспухот на бензинските и дизел моторите.Еуро 7 го менува овој пристап и воведува холистичко мерење на загадувањето. 

Клучната разлика е во тоа што новата регулатива ги зема микрочестичките што настануваат од сопирачките(кочниците) и абење на гумите. Со ова за првпат во историјата и целосно електричните возила ќе подлежат под еколошки стандарди,бидејќи поради нивната поголема маса создаваат значително триење на патиштата и ослободуваат штетни честички.







КОГА ЗАПОЧНУВА ПРИМЕНАТА?

Примената на Еуро7 е планирана фазно:


Ноември 2026 година станува задолжителна за хомологација на сите нови типови и модели на возила.

Ноември 2027 година правилата стануваат задолжителни за сите нови возила што се продаваат и регистрираат во ЕУ 

2028-2029 Стандардот почнува целосно да важи и за тешките возила,камионите и автобусите.


КЛУЧНИ ИНОВАЦИИ И ПРАВИЛА КОИ ГИ НОСИ ЕУРО 7

За разлика од претходните Еуро стандарди кои беа фокусирани исклучиво на идувните цевки на бенизнските и дизел моторите Еуро 7 носи поинаков и сеопфатен пристап како што се:
Контрола на кочниците и гумите каде што се вклучени и електричните возила и хибридите.
Гаранција за квалитетот на батеријата кај ЕВ и хибридите што значи дека Еуро 7 воведува минимални критериуми за животниот век и деградацијата на батериите што занчи дека Батеријата во електрично или хибридно возило ќе мора да задржи најмалку 80% од својот капацитет по 5 години користење или 60.000 илјади поминати километри , 72% од капацитетот по 8 години или 100.000 илјади поминати километри. Следно е подолг еколошки животен век на возилото а не како досегашните норми од 5 години или 100.000 километри, туку производителот гарантира дека автомобилот ќе ги исполнува сите еколошки стандарди до 8 години или 160.000 илјади поминати километри. 
И она  наитересното што доаѓа со овој Еуро 7 стандар е тоа што секое возило произведено под Еуро 7 ќе мора да има вграден дигатлен систем за мониторинг на емисиите (On-Board Monitoring )OBM каде што овој систем во реално време го следи нивото на загадување и веднаш го известува возачот( или овластените инспекциски служби) доколку настане дефект во еколошкиот систем за филтрација.


ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ЕУРО 7 ПРЕТСТАВУВА ПОСЛЕДЕН ГЛАВЕН МОСТ МЕЃУ ЕРАТА НА МОТОРИТЕ НА ФОСИЛНИ ГОРИВА И ЦЕЛОСНА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА .СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВЕЌЕ ИМА ИЗГЛАСАНО ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА НА НОВИ БЕНЗИНСКИ И ДИЗЕЛ АВТОМОБИЛИ ОД 2035 ГОДИНА,ПОВЕЌЕТО АВТОМОБИСЛКИ БРЕНДОВИ СЕ ВОДРЖУВААТ ОД ОГРОМНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РАЗВОЈ НА НОВИ КОНВЕЦИОНАЛНИ МОТОРИ.

ГЛЕДАНО И СУМИРАНО ЗА КРАЈНИТЕ КУПУВАЧИ ЕУРО 7 ЗНАЧИ ПОСИГУРНИ И ПОТРАЈНИ ВОЗИЛА СО ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТ НА БАТЕРИИТЕ И КОЧНИЦИТЕ , НО ИСТО ТАКА И ПОТЕНЦИЈАЛНО БЛАГО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОЧЕТНИТЕ ЦЕНИ НА НОВИТЕ АВТОМОБИЛИ ПОРАДИ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МОНИТОРИНГ И ПОДОБРЕНИТЕ КОМПОНЕНТИ.









Коментари

Популарни постови са овог блога

ДАЛИ ПЛАЌШ БРЕНД ИЛИ КВАЛИТЕТ НА МАСЛО?

autore_platform Дали го плаќаш брендот или квалитетот на маслото? Вистината е дека на Македонскиот Пазар владее огромен мит дека само скапото и звучно име гарантира мирно возење. Но, дали е баш така?  Дали кога купуваш од најпознатите светски брендови плаќаш врвна заштита за твојот мотор, или едноставно им ги рефундираш милионските буџети за маркетинг и реклами во Формула 1 и Мото ГП? АЈДЕ ДА ЗАПОЧНЕМ СО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ СО ПРОЗИВОДСТВО НА МАСЛО КАКО ОДИ И ШТО ЗАВРШУВА НА НАШИОТ ПАЗАР ЗА ДА БИДАТ НЕКОИ РАБОТИ ПОЈАСНИ ЗА СЛЕДНО КУПУВАЊЕ НА МАСЛА И ПРОДУКТИ ОД НАФТА! Најголемите глобални нафтени компании (Интегрирани производители): ExxonMobil (САД): Производител на Mobil 1 . Тие се воедно и најголемиот светски производител на базни масла од Група 4 (PAO - синтетика). Shell (Велика Британија): Еден од најголемите глобални играчи, познат по палетата Shell Helix и нивната технологија за правење масло од природен гас (GTL - Gas-to-Liquid). BP / Castrol (Велика Британија): Cas...

Како да ја прочитате етикетата на моторното масло како професионалец?

ДЕШИФРИРАЊЕ МИСТЕРИОЗНИ КРАТЕНКИ....  Секој возач знае дека без масло нема возење. Но, кога ќе дојде време за купување и ќе застанете пред рафтот или ќе отворите онлајн продавница, ве пречекува цела азбука: 5W-30, ACEA C3, API SP, VW 507.00...   Дали се ова шифри на НАСА? Не. Ова се личните карти на маслата. Ако научите да ги читате, не само што ќе му го продолжите животот на моторот, туку и никој нема да може да ви продаде ,мачка во вреќа. Денес ја дешифрираме оваа тајна шифра на наједноставен можен начин. 1. Првата шифра: Што значи 5W-30 или 10W-40? (SAE Стандард) Ова е вискозитетот (густината) на маслото на ниски и високи температури. Ознаката секогаш е поделена на два дела: Бројката пред буквата W (на пр. 0W, 5W, 10W): Буквата W значи Winter (Зима) . Колку е помала бројката пред неа, толку маслото е „потечно“ на екстремен минус. На пример, масло со 5W ќе се разнесе низ моторот за неколку секунди при палење во ладен јануарски ден во Скопје, додека на 15W ќе му треба по...

АУТОРЕ БЛОГ

БЛОГОТ НА АУТОРЕ  Се што е поврзано со Автомобилската индустрија(делови,масла,каросерија,електрика)ЕВ возила, Технологија ќе пронајдете тука.... Најбитно е што ќе се посветиме на продажбата и одржувањето на возилата,малце ќе критикуваме а воедно и ќе фалиме тоа кое што е одлично,плус многу нови работи ќе може да научитеи да дознаете во врска со деловите,маслата,каросеријата,електриката а и сервиси воедно некој правила и концепти се ќе биде транспарентно воедно ќе научите и за АутоРе повеќе  и за нашите брендови а се надеваме дека и ќе ве научиме и проемниме во погледот на "Оставање клучеви на сервисер и нека он среди" се надеваме дека барем малце од малце ќе донесеме ред во Автомобилската индустрија.....👊👏