Пазарот на резервни авто делови и моторни масла се наоѓа пред најголемиот предизвик во својата историја. Она што порано беше спорадична појава на лоши копии со смешни правописни грешки на амбалажата, денес е прераснат во милијардерска индустрија за организиран криминал која директно го загрозува квалитетот, довербата, но и безбедноста во сообраќајот. Сурова реалност: куп кутии преполни со филтри, менувачки масла, лежишта и електронски вентили — сите изгледаат совршено брендирани, а всушност се евтини и опасни фалсификати.
КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ОСТАВА ОВА ВРЗ ЦЕЛИОТ АВТОМОБИСЛКИ СЕКТОР 1. Како се уништуваат премиум брендовите?
⚠ Злоупотреба на фабрички декларации: Илегалните фабрики користите вистински OE каталошки броеви за да му дадат лажна легитимност на производот.
Анатомија на фалсификатот: Што всушност се наоѓа во кутијата?
На надворешен изглед, амбалажата, QR кодовите и голограмите се копирани до совршенство. Но, внатрешноста е техничка катастрофа.
Филтри за масло и воздух што всушност добивате со нивно вградување и кои проблеми може да се појават?
Употреба на обична хартија без соодветна микро-филтрација наместо синтетички влакна.
Неисправни или непостоечки бајпас (by-pass) вентили. Доколку филтерот се затне, нефилтрираното масло тече директно во моторот, предизвикувајќи зарибување на лежаите и турбината.
Мртва точка кај трансмисиите (ZF LifeguardFluid 8)
Лежишта и сет запчаници
Електроника и регулатори на притисок
Како фалсификатите го уништуваат локалниот пазар?
Зачараниот круг кај механичарите — меѓу незнаењето и брзата заработка:
Од една страна се оние кои несвесно ќе вградат фалсификат и потоа ја губат репутацијата покривајќи скапи штети од сопствен џеб. Но, од друга страна, постои и темната страна на сервисерскиот бизнис: дел од механичарите свесно учествуваат во оваа игра. За нив интересот е повеќекратен — купуваат фалсификуван „бренд“ по багателна цена од сивиот пазар, му го наплаќаат на клиентот по регуларна (или мала „попуст“) цена и остваруваат огромна маржа. А дополнителниот бонус? Кога фалсификатот ќе откаже предвреме, муштеријата повторно се враќа во истиот сервис за нов, уште поскап дефект.
Возачите плаќаат највисока цена: Заштедата од 500 или 1.000 денари при купување на фалсификуван филтер или масло на крајот резултира со штета на моторот од 2.000 до 5.000 евра.
Борбата со фалсификуваните авто делови не е само прашање на бизнис — тоа е прашање на техничка исправност и безбедност. Сè додека се купува "на црно" и се брка најниската цена без оглед на потеклото, пазарот ќе биде преплавен со овие опасни копии. Време е за подигање на свеста и нулта толеранција кон дивиот увоз.
autoremacedonia.blogspot.com





Коментари
Постави коментар